РОМЕРО Македонија доо
Илинденска бб
2310 Виница, Македонија
тел.+389 (0)33 363 271
тел./факс: +389 (0)33 360 833
P.O. BOX 47
e-mail: info@romeromakedonija.com
Производството на рози
е многу современо благодарејќи на користењето на најмодерен систем за
контрола на растењето. Она што е интересно во производството на цвеќе
во стакленици е фактот што подлога за растење на цвеќето не е земјата,
туку терволски перничиња, сместени во мали садови. Садовите се наоѓаат
на метална подлога на висина од околу 1 метар над земјата. Секој блок
содржи една роза. Напреден систем за хранење и наводнување (капка по капка)
води до секој сад и компјутерски се регулира потребната храна и вода за
секоја роза. Влажноста, топлината и условите за вегетирање на розата се
стриктно компјутерски контролирани и следени ден и ноќ. Високо обучен
персонал се грижи за сечењето на розите.
Откако розата ќе се обере се носи во паковното одделение, каде сортира
во зависност од видот, квалитетот и должината на цвеќето. Секој вид се
пакува во букет од 20 цветови, за да потоа се складира во посебен магацински
простор. Со оглед на фактот дека розите треба да се чуваат во посебни
услови, пред сé на ниска температура до 2оC, во состав на производните
капацитети на Ромеро Македонија постои магацински простор со вградени
разладни уреди, потполно изолиран од надворешните услови. На овој начин
цвеќето се чува свежо после процесирањето, во услови да се зачува квалитетот
на апсолутен максимум.